Трета посета на Ердоган на Русија годинава

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 8 април ќе отпатува за Москва, што ќе биде негова трета посета на Русија од почетокот на годинава, соопшти денеска Кабинетот на шефот на турската држава.
Како што јави ДПА, во соопштението не се посочени детали за посетата на Ердоган на Москва.
Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков информира дека на 8 април ќе се одржи заседание на Руско-турскиот совет за соработка на високо ниво, на кое ќе присуствуваат претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Ердоган.
Путин и Ердоган се сретнаа во Москва во јануари годинава, кога разговараа за состојбата во Сирија. На темата Сирија, тие разговараа и на средба во Сочи во февруари, каде им се придружи и иранскиот претседател Хасан Рохани.
Русија и Иран се главни сојузници на претседателот на Сирија, Башар Асад, додека Турција подржува дел од сириските бунтовнички групи.
Ново на Сител
-

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот
-

Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор
-

Мицкоски: Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби
-

Николоски: Одлични вести од Брисел, македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
-

Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација
