Македонија
29. October 2016 - 17:34

Трета по ред Компиријада во Кратово

Кратовчани денес по трет пат го славеа денот на компирот, производ кој покрај пастрмајлијата е еден од гастрономските брендови на градот Кратово. „Компиријадата“ привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот Михаил Цветков ја подржаа манифестацијата, која стана дел од туристичката понуда на градот.

На „Компиријада“ учество земаа учениците од основното и средното училиште, здруженија на граѓани и пензионерски организации. Жири-комисијата ги избра највкусните јадења, најубавите декорации и ликовни творби и додели пригодни награди. Сите средства собрани на „Компиријада“ ќе бидат дадени во хуманитарни цели.