Балкан
28. July 2016 - 14:44

Трет случај на зика во Романија

Во Романија е потврден трет случај на лице инфицирано со вирусот зика, соопшти денеска романското Министерство за здравство.

Како што јави Аџерпрес, станува збор за 36-годишен маж од Клуж, кој пред една недела се вратил од Доминиканската Република.  

Тој се вратил во Романија на 21 јули, а еден ден подоцна се јавил во болницата во Клуж жалејќи се на висока температура и осип на кожата. 

Примероците кои му биле земени биле испратени на анализа во лабораторијата на Институтот за заразни болести „Кантакузино“ во Букурешт, која го потврдила присуството на вирусот зика. 

Во соопштението на Министерството се посочува дека по неколку дена медицинска нега, пациентот бил отпуштен од болница со подобрена здравствена сосотјба.