Трет случај на коронавирус во Словенија
Здравствените власти во Словенија соопштија дека е потврден и третиот случај на лице заразено со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Станува збор за маж кој бил во близок контакт со првозаразениот. Заедно биле на патување во Мароко, а преку Италија заедно се вратиле во Словенија. Според лекарите на инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, пациентот засега е во добра состојба и нема клинички знаци на болеста.
Сите оние кои изминативе денови биле во контакт со заразените се веќе изолирани. Бидејќи лицето од Италија до Словенија престигнало со автобус, 19 луѓе кои биле патници во истиот автобус се јавиле за проверка дали се заразени со Ковид-19.
До синоќа Словенија беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус.
Ново на Сител
-
Престрогото родителство ѝ штети на младата личност во развој
-
Видевски не се сеќава каде го однел својот пиштол и ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите работат професионално и првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери
-
СДСМ: Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?
-
Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се разгледува барањето за разрешување на Коцевски
-
Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер
-
Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина
-
Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари