Трет регионален конкурс за краток расказ „Бибер“
До 10 јуни 2019 е отворен рокот за испраќање кратки раскази на третиот конкурс „Бибер“ на тема помирување.
Овојпат темата е проширена и покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, превид доаѓаат и раскази што може да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и предрасудите, антивоени раскази, раскази за соочување со минатото…
Расказите може да бидат напишани на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или на српски јазик. Повикот се однесува на афирмирани авторки и автори, како и на оние кои досега немаат објавувано. Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.
Во жирито се Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи. Тие ќе изберат и три раскази кои ќе освојат награда. Нивната одлука ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.
Конкурсот го организира тимот на Бибер со Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград. Повеќе информации за условите на конкурсот и наградите се објавени на страницата на Бибер http://biber.nenasilje.org /
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот