Бизнис
14. May 2020 - 16:37

Трет пакет мерки: Помош од 150 евра за невработените и социјалците, повисока плата за дел од медицинарите

Ќе има и ваучери за таргетирани групи  студенти и средношколци. Ќе добијат по 100 евра, кои можат да ги користат за конфинансирање, за сместување, како и за обуки за стекнување ИТ вештини. Дополнително ќе можат да добијат  плус 50 евра  домашна картичка , ако доаѓаат од семејства со помал приход. 

Во пакетот предвидена и директна помош за стопанството. Ќе се обезбедат бескаматни кредити вредни 31 милиони евра преку Развојната банка, како и 120 милиони евра  кредити кои ќе ги дават комерцијалните банки, а како гарант ќе биде државата. 

Предвидена е и награда за 3.000 доктори и медицински персонал на инфективните клиники, кои ќе добијат наредните 2 месеци,  20% повисока  плата. 

Помош ќе има и за земјоделците, 50 илјади земјоделци  ќе добијат платежни картички за набавка на гориво , ќе има и директна финансиска  помош  за преструктуирање на производството. 50 милиони евра се наменети  за модернизација на земјоделието. Предвидени се и јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор. Третиот пакет мерки се очекува да се објави почетокот на наредната недела.