Трет конгрес на геолози на Македонија
Над 250 геолози и експерти од Македонија и странство ќе разговараат за геологијата и општеството, фундаметалната геологија и геологијата и економијата на Третиот конгрес на геолози, што ќе се одржи од 30 септември до 2 октомври годинава во Струга.
Ова на денешната прес-конференција го најави државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.
- Акцентот ќе биде на геологијата и на нејзината поврзаност со екологијата. Геологијата е поврзана со климатските промени, со земјотресите и со други феномени кои што денеска и се случуваат на Земјата, како стакленичките гасови и други нешта со кои сите на глобално ниво се справуваме. Сакаме да покажеме дека геологијата и екологијата не треба да ги гледаме затворени во рамки на еден простор и една држава, туку како нешто многу пошироко за што мора регионално и трансконтинентално да се соработува, рече Лепиткова.
Посочи дека теми на овој конгрес ќе бидат минеролошките и петролошките истражувања, металичните минерали, хидрогеологијата и состојбата со подземните води и чистата вода за пиење, како и геологијата и археологијата, додека главен акцент ќе биде на регионалната соработка и регионалните предизвици во делот на геологијата.
- Современи теми кои го засегаат современиот живот, како предизвикот за обезбедување на квалитетна и чиста вода за пиење во времето што доаѓа. Главен одговор на тоа, каде и какви изворишта ќе се најдат и со каков квалитет, повторно ќе биде тежиште на работа на геолозите. Македонија изобилува со такви потенцијали, кои што не се доволно искористени. Ние сме ги откриле како геолози, но треба да бидат понудени на правни и физички лица, за да можат квалитетните термо-минерални води во Македонија што повеќе да бидат искористени, изјави Лепиткова.
Најави дека во периодот што следи ќе бидат организирани и повеќе симпозиуми, работилници и округли маси со дебати на поединечни теми.
На конгресот ќе бидат презентирани повеќе оригинални научни трудови на различни теми, подготвени од преку 350 автори и коавтори од повеќе земји, од кои 105 ќе бидат објавени во зборник на 730 страници.
Конгресот на геолози го организира Македонското геолошко друштво. Тој е финансиски поддржан од речиси сите компании кои работат во рударството и геологијата во Македонија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница