Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2026 година. И денеска пратениците од власта и опозицијата со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања за растот на економијата и за тоа кој повеќе придонел за животниот стандард на граѓаните.
За опозицијата, предложениот буџет не се темели на реални проекции, туку на оптимистички и се користи за купување на социјален мир, а Владата нема план за подобрување на животниот стандард на граѓаните. За владејачкото мнозинство, буџетот е реален и има вложувања во неколку клучни области. Во изминатите седум години, оценија пратениците од владејачкото мнозинство, СДСМ трошел народен буџет, а БДП било проектирано на 1,1 процент за разлика од сега кога БДП е проектирано на 3,2 проценти.
Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што во буџетот се планирани средства за гасификација на делови од државата и дека се зголемуваат средствата за дигитализацијата. Позитивно, смета Пренџов, е и тоа што има планирано средства во рамки на програмата на Министерството за економија и на Владата за привлекување на странски инвестиции.
- Зборувате дека сме се задолжиле со шест-седум милијарди изминатата година, а вистината е дека Македонија е делумно раздолжена од времето кога вие бевте на власт, рече Пренџов.
Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ во контрареплика посочи дека во Предлог-буџетот не се планирани средства за студентски домови, спортски сали во средните училишта, за програмата за правичната застапеност....
- Ако достигнете 19 проценти инфлација, а просекот во Европската унија е 24, треба да се гордеете затоа што тоа е за 40 проценти помалку од просекот во Европската унија, но срамота е ако имате инфлација од 4,5 проценти, а просекот во Европската унија е два проценти, затоа што тоа е за 120 повисока инфлација во твојата земја. Така се мери економија, рече Битиќи.
Битиќи се осврна и на стопирањето на средствата од ИПАРД програмата и на бразата пруга од Коридорот 10.
- Случајно да не ја видовте сликата на Трансевропската транспортна мрежа објавена од Европска унија која ќе се финансира со европски пари. Каде е брзата пруга за Коридорот 10 или воопшто ве избришаа?, праша Битиќи.
И според Рина Ајдари од коалицијата Европски фронт, оцени дека опаѓа довербата кај инвеститорите и дека државата троши повеќе отколку што произведува. - Има недостиг на транспаретноста на јавното трошење, буџетот е неразвоен, нереформски, дискриминирачки,рече Ајдари.
Расправата по Предлог-буџетот продолжува во 15 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп
-

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор, детали за убиството во Штип
-

Германија ќе ги укине ограничувањата за оружје за Израел додека примирјето се одржува
-

Тепачка помеѓу навивачи по кошаркарски натпревар во Куманово
-

Малолетници разгледувале воздушна пушка, едниот повреден при случајно пукање
-

Гаши: Граѓаните на 11 јануари масовно да излезат на гласање во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа
-

Ковачки: Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет
-

Пуштен сообраќајот на патниот правец Градско – Велес
