Македонија
12. May 2022 - 16:36

Трет ден активна блокада на Собранието

Со пријавување за збор на сите пратеници, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, трет ден ја спроведува активната блокада на Собранието. По синоќешната тензична атмосфера, денеска, власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања за начинот на кој бил усвоен дневниот ред.

Однесувањето на опозициските пратениците, според собранискиот спикер, го ценеле граѓаните.

Од владејачката партија велат со блокадата, опозициските пратеници го спречувале донесувањето закони од интерес за граѓаните. Во време на криза, од СДМС велат дека на Собранието не му се потребни одолговлекувањата и бесмислени реплики.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека пратениците на власта биле неработници.. Имале трипати помалку активности и се однесувале како гласачка машина.

Реплики, измени во дневниот ред, процедурални забелешки се дел од активностите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на собранието, кои следат откако премиерот Ковачевски не прифати лидерска за предвремени избори.