Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд не го известил клубот за неговата желба да се приклучи на Реал Мадрид. „Марка“ вчера објави дека дефанзивецот за ова го известил раководството на англискиот клуб, откако тие повторно се обиделе да го убедат да го продолжи договорот.
Според „Ливерпул Ехо“, до денес немало таков разговор и иднината на играчот останува неизвесна до отворањето на јануарскиот преоден рок.
Александер-Арнолд, од друга страна, секогаш инсистирал на тоа дека нема јавно да зборува за својата иднина од почит кон матичниот клуб. Сепак, тој јасно стави до знаење дека сака да ја дочека оваа сезона до крајот со „црвените“.
Еден ден пред објавувањето на написот на „Марка“, англиски „Телеграф“ објави дека Ливерпул останува смирен за ситуацијата со договорот на Трент, како и за Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
Трент Александер-Арнолд во тековната сезона во Премиер лигата одигра 16 натпревари и забележа 4 асистенции.
Ново на Сител
-
Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
-
Милвоки го отпушти Лилард
-
Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон
-
Елиминирана шампионката на Ролан Гарос
-
Барди го заврши претстојот во Бодрум
-
Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
-
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти
-
Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот