Тренинг за менторки во Битола во рамки на Програмата за (само)вработување самохрани мајки

Здружението на бизнис жени, во партнерство со Бизнис Конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка, денеска во Битола организираат обука за менторство и менторски процес на бизнис жени - идни менторки, во рамките на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската унија.
Тренингот е наменет за жените, претприемачки и менаџерки од Битола, заинтересирани да се вклучат во менторскиот процес, како менторки.
Содржините на обуката, како што информираат од Здружението на бизнис жени, се насочени кон аспектите, знаењата и вештините потребни за успешно менторирање. Кон обуката, со присуство и презентација, како поддршка на проектните активности, ќе се приклучи и претставник на Центарот за вработување од Битола, при што жените - идни менторки директно и во детали ќе бидат запознаени со тековните активности и мерки на АВРМ за (само)вработување.
Оваа обука е последна, од предвидените три, по веќе одржаните обуки во Штип и Скопје, а потребна е за вовед во менторирањето на целната група на проектот, како составен дел од сеопфатниот проектен модел за поддршка на самохраните мајки (особено жртвите на семејно насилство), за да им помогне во изнаоѓањето и искористувањето на можностите за постојано вработување и/или самовработување, во соработка со општините, надлежните институции и бизнис секторот, преку соодветни инфо сесии, како и со испорака на бизнис и вокациски обуки и соодветен процес на менторирање.
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
