Треневска Дескоска го честита почетокот на новата учебна година
Министерката за образование и наука Рената Треневска Дескоска упати писмо до учениците и наставниците во кое им го честита почетокот на новата учебна година посакувајќи им успех во учењето и работата.
- Пред Вас е нова страница од Вашиот живот, непозната, но возбудлива. Влегувате во светот на магичните букви и бројки, во светот на нови знаења и нови пријателства. Откривајќи ги тајните на учењето, ќе откриете дека училиштетото е едно големо магично игралиште, кое што чека да биде освоено, бидејќи со секое искачено скалило ќе дознавате нови работи и ќе постигнувате нови успеси, им пишува во писмото министерката Треневска Дескоска на првачињата.
Учениците,пак, ги потсетува дека образованието е едно долго патување, а не трка на кратки патеки.
- Другарувајте со книгите, откривајте ги тајните скриени во нив, отворете го умот за нови спознанија и за вистинските вредности. На ова долго патување, немојте да заборавите на важноста на пријателството, љубовта, солидарноста, одговорноста и посветеноста на градење подобар живот и подобар свет. На ова патување прочитајте ја книгата „Малиот Принц” и нека ве води нејзината порака: “Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите“, стои во пораката на министерката.
Според Треневска Дескоска, наставниците и професорите ја вршат најважната професија на светот, професијата која ги создава сите други професии.
- Вие сте оние кои ги описменувате нашите деца и се вложувате во нивниот успех. Вие сте оние кои ги мотивирате и ги насочувате, кои им го покажувате патот кон иднината. Бидете добар модел за нив и не заборавајте дека вистинското образование значи не учење на факти, туку учење на вредности, посочува Треневска Дескоска.
Учебната година со одлука на Министерството за образование и наука почнува денеска за 20.000 првачиња. Во средните училишта запишани се вкупно 17.131 ученик. Во двата уписни рока во скопските средни училишта запишани се 6.496 ученици, а во другите општини бројот на запишани изнесува 10.635.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест