-->
-->
Тренерот на АПОЕЛ бара стрпливост од своите играчи во дуелот со Вардар
-->
Кипарскиот шампион АПОЕЛ утре во рамките на второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите на домашен терен ќе игра против македонскиот шампион Вардар. Во пресрет на првиот дуел тренерот на домашната екипа Доминго Пасиенсиа на прес конференцијата истакна:
- Гледавме нивни пет натпревари и заклучив дека Вардар добро се брани и добро напаѓа од противнапади. Вардар знае да ја искористи секоја грешка. Играат во формација 3-5-2 и 4-5-1. Пред нашите навивачи ние мораме да дадеме максимум. Првиот натпревар е важен, не сакаме да се опуштиме и ни треба добар резултат, а мораме да имаме почит кон противникот, изјави португалскиот тренер на клупата на АПОЕЛ.
Екипата на Вардар од вчера се наоѓа во Никозија, а вечерва „црвено-црните“ ќе имаат и тренинг на стадионот „ГСП“ каде утре вечер ќе се одигра натпреварот со почеток во 20 часот по локално време или 19 по македонско време. Судија на натпреварот е Алијар Агаев од Азербејџан.
Реванш натпреварот се игра на 21.јули во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози