Тренчевска: Социјални надоместоци годинава ќе добијат 300 000 граѓани
Ќе продолжиме со обезбедувањe социјална сигурност. Оваа година социјални надоместоци ќе добијат 300 000 граѓани, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Таа денеска посети две семејства во Крушево кои користат социјални услуги на локално ниво, а беше и во Дневниот центар за деца и младинци со попреченост. Во Домот, како што информира Министерството за труд и социјална политика, 15 деца и младинци секојдневно стекнуваат вештини за нивниот личен и општествен развој.
Министерката порача дека само преку јасни и конкретни инвестиции во сите граѓани, може да се очекува социјален развој.
-При посетата на двете семејства во Крушево се уверив дека преку социјалните услуги на локално ниво, инвестираме во сите граѓани. Политиките на Министерството се и ќе бидат насочени кон поголема социјална инклузија на лицата со попреченост во општеството, на рамноправна основа и еднаков третман, рече Тренчевска.
Семејството на Ружица Чоневски, кое згрижува две лица со попреченост – шестгодишно дете со Даунов синдром и 42 годишно лице со умерена попреченост, користи надоместоци за социјална услуга, посебен додаток, гарантиран детски додаток и образовен додаток за деца што се во редовна настава.
Министерката денеска во Крушево ја посети и градинката „Гонча Туфа“, која се наоѓа во истиот објект каде што е и Дневниот центар за деца и младинци.
Ново на Сител
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
