Тренчевска: Работниците и нивните права за нас се на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од Република Северна Македонија се сретнаа со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти, на која е разговарано за соработката и придонесот на МОТ во работата на Министерството во делот на поголеми работнички права, подобри работни места и флуидноста на работници на пазарот на трудот во земјава, соопшти МТСП.
Како што се наведува во соопштението Тренчевска на директорката и го објаснила новиот предлог Закон за работни односи и посочила дека во истиот се земени сите технички коментари на Меѓународната организација на трудот. Таа потсетила дека претставниците на МОТ во нашата држава активно учествувале на секоја од јавните расправи за законот, каде биле дадени конструктивни коментари од сите релевантни чинители.
Министерката зборувала и за новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови.

-Како држава ја применивме новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови и истата се покажа како ефикасен инструмент кој ни помогна да ги детектираме недостатоците на нашиот механизам, рече Тренчевска.
Таа ја потенцирала плодната соработка на МТСП и МОТ во делот на безбедност и здравје при работа.
-Подолго време се работи на нов Закон за безбедност и здравје при работа и кога ќе заврши неговата подготовка, од големо значење би ни било да добиеме технички коментари и за овој закон, со оглед на фактот дека Законот ќе треба да обединува голем дел од меѓународните трудови стандарди од областа на безбедност и здравје при работа, а кои се неопходни, доколку сакаме да ги унапредуваме работничките права во целина, посочила Тренчевска.

Од МТСП соопштуваат дека на средбата била спомената и подготовката на новиот Закон за заштита од вознемирување на работното место, потенцирајќи дека истиот треба да биде усогласен со Конвенцијата за заштита од насилство и вознемирување бр. 190 која во Република Северна Македонија беше ратификувана оваа година.
Како што се наведува во соопштението на МТСП, директорката Харасти ја покажала спремноста на МОТ да се приклучи во синхронизацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место со Конвенцијата бр. 190 и посочила дека и претставува вистинско задоволство што Владата има континуирана соработка со канцеларијата на МОТ во нашата земја. Таа посочила дека секоја помош која што е потребна на тимовите од Министерството за унапредување на прашањата за кои се залага МОТ ќе биде несебично укажана.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
-

Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
-

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
-

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
-

Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина
-

Меси им кажал на соиграчите дека финалето на СП 2026 е неговиот последен натпревар за Аргентина
