„Требаше да наполни 25 години, кoj ќе ми го врати мојот син“, потресно обраќање на татко чиј син загина во „Пулс“
Томчо Стојанов го изгуби својот син Андреј во страшната несреќа во дискотеката во Кочани.
Со тешко срце, таткото на настраданото момче даде изјава пред новинарите, држејќи ја во раце фотографијата од својот син, кој за само три дена од несреќата ќе наполнел 25 години.
Стојанов
Стојанов изјави дека дознал за пожарот од другарката на неговиот син од Штип.
„Таму настана катастрофа, мојот син помагаше, спасуваше други, во стампедото беше прегазен и мојот син настрада. За три дена требаше да наполни 25 години, сега на 19-ти, а тој вчера почина.“
„И што да ви кажам, болките наши никој не може да ги спречи. Тоа е трагедија, неорганизирано, во име на парите што се правеше. Ако треба 200 луѓе, таму имаше 1200, сè тоа на црно. Кој ќе ни го врати мојот син, кој“ – вели тој низ емоции.
Томчо изјави дека има и ќерка која живее во Германија. „Таа е сама, како ќе биде и како ќе стигни денес тука. Што ќе види, како ќе ја дочекаме и како ќе ѝ кажеме. Тоа е уште поголема трагедија“ – дополни тој во својата изјава.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз