Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми
Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано од страна на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза.
Состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и единиците на АРМ. Грчките полицајци пак, пропуштаат периодично во Македонија да влегуваат помали групи од по стотина мигранти.
Според проценките на УНХЦР и Црвениот крст вчера од Гевгелија кон Табановце заминале повторно околу 3.000 мигранти, а таа бројка се очекува да биде постигната и денеска.
Од железничка станица информираа дека утрово со вонреднио воз што тргна од платформата кај прифатниот камп кон Табановце се упатиле 700, а со редовниот воз заминале уште 500 мигранти. Останатите кои чекаат да бидат евидентирани во прифатниот камп во Гевгелија во текот на денот кон Табановце ќе се превезуваат со автобуси и таки возила.
Општина Гевгелија вчера донираше 1.500 пакети со вода и исто толку пакети со кроасани кои беа прифатени од претставниците на УНХЦР и Црвениот крст кои им ги поделија на мигрантите.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина