Бизнис
20. February 2018 - 9:40

Транспортерите напладне ќе го блокираат патот од Кавадарци кон мотел Дреново

Членови на Здружението на транспортери и кипери „Кипер” од Кавадарци денеска ќе го блокираат патот од Кавадарци кон мотел Дреново во периодот од 12 до 15 часот, информираат од СВР Велес.
     
Претседателот на „Кипер” Трајче Пејовски потсетува дека протестираат бидејќи од страна на „Фени индустри” не им се исплатени околу четири милиони евра за пренос на руда.