-->
-->
Трамп забрани трансексуалци да служат во армијата на САД
-->
Претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба, со која забранува транссексуалци да служат во армијата, освен „при ограничени околности".
Да се задржат војници со историја или дијагноза „полова дисфорија", кои можат да имаат потреба од значителна медицинска терапија, е „значителен ризик за ефикасноста на војската", посочи Белата куќа.
Поимот „полова дисфорија" се користи за означување на чувството за недостиг на синхронизација помеѓу половиот идентитет и надворешниот изглед.
Трамп го изненади минатата година раководството на Пентагон со најавата дека ќе го отфрли планот на својот претходник Барак Обама да се овозможи на транссексуалци да служат во армијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР