Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд.
„Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни“, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија.
Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини.
На прашањето колку далеку би бил спремен да оди за да го стави островот под контрола на САД, тој одговори: „Ќе дознаете“.
Трамп, исто така, рече дека САД планирале голем број состаноци за Гренланд за време на собирот на висок профил во швајцарското алпско одморалиште Давос.
Тој претходно изјави дека разговорите во кои учествуваат страните во спорот меѓу САД и Европа ќе се одржат на маргините на форумот, но не прецизираше кој ќе присуствува.
Републиканскиот претседател не остави никакво сомнение дека сака да го стави Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска, под контрола на САД.
Откако европските сојузници од НАТО изразија солидарност со Данска и Гренланд, Трамп рече дека ќе воведе казнени царини од 1 февруари за да изврши притисок врз противниците на продажбата на арктичкиот остров на САД.
На прашањето за противењето меѓу жителите на Гренланд на приклучувањето кон САД, Трамп рече: „Кога ќе разговарам со нив, сигурен сум дека ќе бидат воодушевени“.
МИА
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
