Трамп воведува драконски цени на челикот и алуминиумот
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе воведат високи тарифи за увоз на челик и алуминиум.
Трамп истакна дека тарифата за увоз на челик ќе изнесува 25 отсто, додека за алуминиумот ќе биде 10 отсто. Мерките ќе бидат во сила подолг временски период и ќе започнат кон почетокот на следната недела.
Тој на Tвитер напиша дека челичната индустрија и индустријата за алуминиум се распаѓаат поради нелојалната трговија и лошите политики што се водат долги години и дека „другите земји повеќе нема да можат да ја искористуваат Америка, нејзините работници и компании“.
Американскиот претседател не соопшти детали кои земји ќе бидат погодени со новите цени.
Минатата година САД речиси половина од килечството на челик го увезоа од Канада, Бразил, Јужна Кореја и Мексико, додека кинескиот челик изнесувал помалку од два отсто од вкупниот увоз на САД.
Реагирајќи на најавата од Трамп, ЕУ соопшти денеска дека ќе одговори со контрамерки против САД, нарекувајќи ги рестрикциите во трговијата со челик и алуминиум „драстична интервенција“ со која се штити американската индустрија.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
