Трамп воведе ново правило за мигрантите
Ова ново правило ќе го замени судскиот преседан од 1997 година со кој на американската имиграциска служба и беше ограничено времето во кое смееше во притвор да држи деца на мигранти. Според оваа одлука, вообичаено беше одредуван рок од 20 дена по кој семејствата мораа да бидат ослободени од притвор.
Ова е веќе трета поголема измена на регулативата од страна на републиканската администрација за нешто повеќе од еден месец, со која се обидува да ја ограничи имиграцијата, а повеќе имиграциски службеници почнаа со извршно делување без официјлана потврда на одлуката во американскиот Сенат.
Трамп вчера пред новинарите кажа дека неговата администрација сериозно го разгледува укинувањето на правото на државјанство за децата на странските државјани родени на територијата на САД, што ќе биде уште еден обид за целосно укинување на постојните имиграциски закони.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија