Трамп во судир со противкандидатите околу ИД и за националната безбедност
Њујоршкиот милијардер Доналд Трамп се судри со своите противкандидати за претседателската номинација во петата дебата околу американскиот одговор на заканата од ИД, како и националната безбедност.
Трамп и натаму останува на својата позиција за привремена забрана за влез во САД за муслиманите, за што беше критикуван од тројцата угледни републиканци, Џеб Буш, Марко Рубио и Тед Круз, но само поранешниот гувернер на Флорида, Буш влезе во вербална пресметка со Трамп.
Американските медиуми се поделени околу исходот од синоќешната дебата, што се одржа во Лас Вегас.
Телевизијата Фокс Њуз, смета дека Трамп одново победил, додека другите медиуми проценуваат дека милијадерот-политичар уште еднаш покажал дека прашањата околу националната безбедност се неговата најслаба точка.
Трамп кој и понатаму остро се осудува во американската јавност за барањето околу влагувањето на муслиманите, сега како едно од решенијата за одбраната од ИД сугерираше и блокирање на интернетот, за како што рече да се спречи ширењето на опасната пропаганда, како и регрутирањето на нови џихадисти.
Водечкиот меѓу републиканците претенденти Трамп, синоќа се бранеше дека неговите предлози околу муслиманите не се однесуваат на религијата, туку на националната безбедност на САД.
Дебатата покажа дека првите деветмина републикански претенденти за претседателската номинација, немаат став околу тоа како да се запре војната во Сирија, но сите ги осудуваат претседателот Барак Обама и поранешниот државенсекретар Хилари Клинтон, што дозволиле џихадистите на Исламска држава (ИД) да станат закана за безбедноста на САД.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници