Трамп: Во САД веројатно ќе има меѓу 60- 65.000 жртви на коронавирусот
Бројот на починати во епидемијата на коронавируспт во САД ќе биде како што се чини меѓу 60 и 65 илјади лица, соопшти синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на редовниот брифинг.
Шефот на државата рече дека можно било дури 2,2 милиони луѓе да ги загубат животите од новиот коронавирус.
– Ако не сторевме ништо, минималниот ќе беше 1,6 милиони. Но, ние направивме огромна работа, рече Трамп.
Тој истакна дека овие напори овозможиле да се корегираат проценките за смртност, првично меѓу 100.000 и 220.000, а потоа и на уште пониско ниво.
– Мислам дека ќе бидеме на ниво далеку под 100.000 мртви. Мислам дека веројатно сега се движиме до ниво од 60.000, можеби 65.000 умрени, рече Трамп.
Досега, во САД од Ковид-19 умреа 36.727 лица, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Заразени се над 692 илјади.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
