Трамп вели дека Путин би прифатил европски мировници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин ќе прифати европски мировници распоредени во Украина како дел од потенцијален договор за ставање крај на војната.
Трамп ова го изјавил пред новинарите на почетокот на состанокот во Белата куќа со францускиот претседател Емануел Макрон по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина, јави Еуроњуз.
– Да, тој ќе го прифати. Јас му го поставив тоа прашање. Видете, ако го направиме овој договор, тој не бара светска војна, рекол Трамп.
ДПА пренесе дека Трамп рекол оти сака да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа или следната недела, за да разговара за пристапот на САД до украинските суровини.
Тој додал дека двете земји се многу блиску до договор. Договорот ќе ја поврзе американската помош со Украина која ќе дозволи пристап до нејзините вредни и стратешки ресурси.
– Ние и помагаме на Украина како што никој досега не и помогнал на Украина, рече американскиот претседател, додавајќи дека не сака војната во Украина да ескалира во трета светска војна.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
