Трамп вели дека новата книга за него е полна со лаги
Во САД денеска треба да биде објавена книгата „Оган и гнев“ на новинарот Мајкл Волф, која веќе предизвика потрес во Вашингтон и прекин на односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот поранешен политички советник Стив Бенон.
- Јас не му одобрив никаков пристап до Белата куќа (всушност многу пати го одбив) авторот на лажната книга! Никогаш не сум зборувал со него за книгата. Полна со лаги, лажни претставувања и извори кои не постојат. Видете го минатото на човекот и гледајте што ќе се случи со него и Смотаниот Стив, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер за Волф и Бенон.
Волф возврати со иронично заблагодарување до Трамп.
Извадоци од книгата веќе беа објавени и во нив Бенон е цитиран со навреди кон децата на Трамп и со обвинување дека тој ги сметал нивните контакти со руски бизнисмени како предавство на САД.
Трамп се обиде и по судски пат да го спречи издавањето на книгата, за која вели дека е полна со лаги.
Ново на Сител
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени