Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и дека обновата на овие локалитети ќе трае со години.
-Сите три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и/или збришани. Ќе бидат потребни години за да се вратат во функција и, ако Иран сака, би било многу подобро за нив да почнат одново, на три различни локалитети, пред да бидат уништени и тие локалитети, ако одлучат да го сторат тоа, рече Трамп на својата мрежа Truth Social.
Американскиот лидер постојано тврди дека три клучни ирански нуклеарни локалитети биле целосно уништени во нападот на САД во јуни.
Според американските разузнавачки извори, само една од трите целни локалитети, Фордоу, претрпела сериозна штета. Според Ен-Би-Си Њуз, нападите погодиле површински објекти, додека подземните објекти, како што се центрифуги и објекти за складирање збогатен ураниум, претрпеле минимална штета или биле преместени пред нападот.
Трамп ги отфрли извештаите како „лажни вести“ и ги обвини медиумите дека го потценуваат успехот на нападот.
Иран потврди значителна штета на објектот во Фордо, но не издаде официјално соопштение за состојбата на другите објекти.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е прерано да се процени вкупната штета и дека ќе бидат потребни дополнителни инспекции за да се утврди влијанието на нападот врз нуклеарната програма на Иран.
Ново на Сител
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче