Трамп: Соборивме ирански дрон во Ормутскиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.
Трамп изјави дека се работи за уште една непријателска акција на Иран и ги повика другите земји да ги осудат, како што ги нарече, иранските обиди да се наруши слободата на пловидба и глобална трговија на стратешките морски патишта во Персискиот залив.
Тој прецизираше дека дронот е соборен во одбранбена акција на американскиот разорувач „Боксер“, откако иранското летало му се доближило на бродот на помалку од еден километар и не одговорило на неколку повици да се повлече.
Но Иран тврди дека такво нешто не се случило.
– Денеска немаме никаква информација за загуба на дрон, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Тој не кажа ништо друго во врска со наводниот инцидент.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море