Трамп со потсмев за оскаровецот „Паразит“ и со критики за Бред Пит

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се потсмеваше на оскаровецот Паразит при што на митинг во Колорадо вчера нагласи дека би сакал да се вратат класичните остварувања како што е „Однесени од виорот“.
Трамп го имитираше водител на церемонијата на наградите Оскар и праша – што по ѓаволотите е сето ова?!
– Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја, со трговијата. И на крајот на краиштата, тие им даваат награда за најдобар филм, коментираше тој.
Американскиот претседател исто така зборуваше негативно за Бред Пит, кој беше почестен со Оскар за најдобра споредна улога.
При добивањето на својата награда, Бред Пит рече дека има повеќе време да се произнесе – 45 секунди, отколку што имаше поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, за време на процесот за импичмент во Сенатот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
