Трамп со критики до американските Евреи, Белата куќа го обвини за антисемитизам
Поранешниот претседател Доналд Трамп во порака на својата социјална мрежа Трут соушл им порача на Евреите во САД „да се потсоберат“ и да покажат поголема почит за државата Израел, „пред да стане предоцна“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Неговата изјава беше двосмислена, алудирајќи на тоа дека тој направил за Израел многу повеќе отколку демократите, иако американските Евреи традиционално повеќе ги поддржуваат демократите и покажуваат скриена лојалност кон татковината отколку кон САД, пишува Вашингтон пост.
Трамп сака да се пофали дека неговата ќерка Иванка се конвертирала во Јудаизам и ја истакнува неговата одлука во 2017 година за преселување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, како и работата на неговиот зет Џаред Кушнер да се обиде да испреговара долготраен мир на Блиски исток.
Повикот на експретседателот на неговата социјална мрежа е со цел да ги потсети Евреите во САД за неговите достигнувања и да го привлече нивниот глас на претстојните конгресни избори кон Републиканската партија.
Според анкетата на организацијата „Еј-џеј-си глобал војс“, пред изборите во 2020 година 75 отсто од американските Евреи изјавиле дека ќе гласаат за тогашниот противкандидат на Трамп – Џо Бајден, кој победи на изборите.
Во Белата куќа денеска пораките на Трамп беа оценети како „антисемитизам“.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
