Трамп: Сите опции се во игра за решавање севернокорејската криза
Вашингтон повеќе нема да ги толерира провокациите од страна на Северна Кореја, изјави денеска американскиот претседателот Доналд Трамп на заедничка прес-конференција со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио.
- Спроведуваат забранети нукеларни проби, истрелуваат ракети кои прелетуваат над Јапонија и ја загрозуваат безбедност на населението. САД повеќе нема да трпат слични постапки на Северна Кореја, нагласи Трамп. кој престојува во официјална посета во Јапонија,
Тој повторно наведе дека, во моментов се разгледуваат сите варијатни за решавање на кризата со Пјонгјанг.
- Нуклеарната програма на Северна Кореја е закана за целиот свет. Некои велат дека мојата реторика е силна, но гледате што се случува поради слабата реторика во изминатите 25 години, истакна американскиот претседател.
Абе, од своја страна, наведе дека Јапонија ја поддржува политиката на Трамп во однос на Северна Кореја.
- Јас и американскиот претседател дојдовме до едногласно мислење, дека е можно воено решение за проблемот со Пјонгјанг, потенцираше Абе.
Јапонскиот премиер посочи дека претходно денеска двајцата лидери успеале да му покажат на целиот свет дека „билатералните односи на земјите се непобедливи“.
- Сега е вистински момент за дијалог со Северна Кореја. Неопходен е максимален притисок врз земјата. Јапонија ќе ги засили санкциите кон Пјонгјанг со цел да се реши проблемот со нуклеарната програма, истакна Абе.
Тој наведе дека, Јапонија ќе ја продолжи тесната соработка за севернокорејските проблеми со САД и Јужна Кореја.
- Поради проблемите со Северна Кореја, Јапонија ќе купува повеќе видови оружје од САД и така ќе може, „доколку има потреба“, да ги собори севернокорејските ракети, нагласи јапонскиот премиер.
Двајцата лидери постигнале напредок и по прашањето за трговските односи.
Претходно, американскиот претседател изјави дека „сигурно би бил отворен“ за состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
- Би се сретнал со секого за кого мислам дека треба. Не мислам дека тоа е сила или слабост. Мислам дека средбите со луѓе не се лоша работа, Така да сигурно би бил отворен за такво нешто, истакна Трамп во интервјуто емитувано на американската информативна програма „Полна мерка“, одговарајќи на прашањето дали би се сретнал со Ким.
Трамп во рамките на 12-дневната азиска турнеја, освен Јапонија, ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана полтика кон Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол