Трамп: Си-Ен-Ен е фатен на дело, лажни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше мрежата Си-Ен-Ен, која ја обвини за „перфиден“ напад врз него во репортажата, која се покажала како неточна.
„Си-Ен-Ен лажни вести, вчера направи перфидна и намерна грешка. Фатени се на дело, како и осамениот Брајан Рос на Еј-Би-Си њуз (кој требаше веднаш да биде отпуштен поради својата грешка“, напиша Трамп на Твитер.
Си-Ен-Ен во петокот објави дека претседателот и неговиот постар син Доналд помладиот, примиле маил со клуч за декодирање, што овозможува пристап до хакираните документи на Демократската партија, објавени на Викиликс, но пред да бидат достапни на јавноста.
Меѓутоа, се покажа дека не е точно, по што Си-Ен-Ен објави исправка, прецизирајќи дека маилот бил со датум од 14, а не 4 септември минатата година, односно еден ден откако Викиликс ги објави документите.
„Гледајте дали Си-Ен-Ен ќе ги отпушти одговорните или станува збор само за голема неспособност?“, напиша Трамп.
Во следниот твит, тој наведе дека слоганот „Си-Ен-Ен - медиуми на кој најмногу му се верува“ би требало да биде Си-Ен-Ен - медиуми на кој најмалку му се верува“ .
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
