Трамп: Северна Кореја не тестирала ракети, освен оние помалите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја не тестирала ракети освен оние „помалите“, во надеж дека дијалогот со оваа земја ќе остане жив и покрај тестирањата на балистичките ракети од краток дострел.
Трамп ова го изјави во интервју за Фокс Њуз, еден ден откако Северна Кореја лансираше две балистички ракети од краток дострел, инсиститирајќи на тоа дека тој „многу добро се согласува“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
-Тие не извршија нуклеарни тестирања. Тие навистина не тестираа ракети освен оние, знаете, помалите, што е нешто што многу се тестира, рече Трамп во своите први забелешки на лансирањето ракети.
Лансирањето следеше на 20-тина дена по импровизираната средба меѓу Трамп и Ким Џонг-Ун на меѓукорејската граница, во текот на која двајцата се договорија за повторно почнување на разговори на ниво на работни групи за отстранување на нуклеарната програма во Северна Кореја.
За Трамп неговиот ангажаман во северна Кореја и откажувањето на нуклеарните и интерконтинентални ракетни тестирања е еден од неговите најголеми постигнувања во надворешната политика пред неговата повторна кандидатура во 2020 година.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче