Свет
29. September 2017 - 9:02

Трамп сепак и честиташе на Меркел на изборната победа

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски и честитал на германската канцеларка Ангела Меркел по нејзината победа на парламентарните избори.

Белата куќа првично најави дека овој телефонски разговоро ќе биде одложен, што предизвика коментари за криза во односите меѓу САД и Германија. Трамп и Меркел имаат тензична меѓусебна соработка, откако претседателот ја обвини канцеларката за предизвикување на мигрантската криза во 2015 година, а и таа честопати го критикува за состојбите во американската политика. 

По разговорот, Белата куќа соопшти дека Трамп и посакал успех на Меркел во формирањето на новата Влада во нејзиниот четврти мандат. Според соопштението, двајцата лидери ги осудиле иранските активности на Блискиот Исток, спроведувањето на договорот за суспензија на иранската нуклеарна програма и развојот на ракетно оружје од страна на оваа држава. Германија е една од потписничките на договорот со кој Иран доби олеснување од некои од најсериозните економски санкции, а за возврат се обврза да ја суспендира својата нуклеарна програма.

Трамп и Меркел воедно разговарале и за неопходноста од нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров.