Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека се сомнева дека „НАТО ќе биде тука за нас ако навистина ни требаат“, критикувајќи го трансатлантскиот безбедносен сојуз во објава на неговата платформа Truth Social.
„Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“, напиша тој, еден ден откако Белата куќа објави дека не исклучува воената интервенција за преземање на Гренланд од сојузникот на НАТО, Данска.
Претседателот на американскиот Претставнички дом, Мајк Џонсон, денеска наведе дека не слушнал разговори за испраќање војска во Гренланд.
„Не мислам дека некој зборува за употреба на воена сила на Гренланд. Тие разгледуваат дипломатски канали“, рече Џонсон, кој призна дека не бил однапред информиран за воената акција одобрена од Трамп во Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
