Трамп сега сака само да промени здравствената реформа на Обама, а не и да ја укине

Избраниот за претседател на САД Доналд Трамп изјави за весникот „Волстрит џурнал" дека размислува да задржи делови од здравствената реформа донесена од сегашниот претседател Барак Обама.
Во своето прво интервју откако победи на претседателските избори во вторникот, Трамп објасни дека важна причина за промената во неговата позиција за целосна укинување на Законот за достапно здравство била вчерашната средба во Белата куќа со Обама.
Претседателот демократ му предложил на својот наследник, избран како кандидат на републиканците, да задржи делови од законот.
- Му реков (на Обама) дека ќе ги преразгледам неговите предлози, и од почит кон него, ќе го направам тоа, изјави Трамп за „Волстрит џурнал".
Тој прецизира дека има намера да задржи два текста од здравствената реформа, која беше внатрешнополитички приоритет број еден за Обама - забраната осигурителите да одбијат да ги покријат трошоците на пациент поради претходна состојба и можноста полнолетните луѓе да можат подолго време да бидат осигурани на име на своите родители.
За време на кампањата, Трамп го нарече освој закон, усвоен во 2010 година, „страшна работа" и вети дека ќе го укине во целост.
Идниот претседател на САД, кој ќе стапи на должност во јануари, во интервјуто изјави дека има намера да ги задржи работните места во земјата, а евентуалнода наложи царини на стоката произведена од американски компании, кои ги префрлиле своите активности во странство.
Трамп призна дека не размислува многу за ветувањето што го даде за време на предизборната кампања, да назначи специјален обвинител кој ќе го испита неговиот главен противник на изборите, демократката Хилари Клинтон.
- На прво место размислува како да го решам проблемот на САД во областа на здравството и вработувањето, како и да ја зајакнам граничната контрола, а не за тоа да го испитувам скандалот со лектронската пошта на Клинтон, рече тој.
Трамп увери дека сака САД да бидат земја во која сите се сакаат. - - Целта ми е сплотување на Американците и да ги решам проблемите на земјата, рече тој.
Трамп најави дека наскоро ќе има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно, Прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател не планира контакт со победникот на претседателските избори во САД, додека тој не стапи официјално на функцијата во јануари.
Идниот претседател на САД изјави во интервјуто дека има намера да се фокусира во Сирија на борбата против џихадистичката група „Исламска држава", а не да се обидува да го собори од власт претседателот Башар ал Асад.
- Мојот став за Сирија се разликува од ставовите на многу луѓе, истакна тој.
Трамп не даде детали, но посочи дека најверојатно нема да ја следи политиката на Обама за поддршка на т. н. умерена опозиција.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
