Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина

Амeриканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД ќе воведат 100-процентна царина за целиот канадски увоз доколку Канада склучи трговски договор со Кина.
Трамп на социјалната мрежа Truth Social изјави дека канадскиот премиер Мек Карни, кого го нарече „гувернер“, многу греши „ако мисли дека ќе ја направи Канада транзитно пристаниште за Кина да испраќа стоки и производи во САД“.
„Тогаш Кина би ја проголтала цела Канада, вклучително и „уништување на нивните бизниси, општествена структура и општ начин на живот“, напиша Трамп.
Карни во понеделникот потпиша договор со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг со кој се намалуваат царините за електрични возила, земјоделски производи и други сектори.
За време на разговорот со Шји, во рамките на првата посета на канадски лидер на Кина во последните осум години, Карни рече дека ангажманот и соработката треба да бидат основа на новото партнерство, истакнувајќи области како што се земјоделството, енергетиката и финансиите како сектори каде што е можен најбрз напредок.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
