Трамп: Се наоѓаме на работ на трета светска војна
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска оцени дека светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна и дека актуелниот американски претседател Џо Бајден го турка светот во војна со своите постапки за поддршка на Украина.
„Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби несвесно, нè турка во она што наскоро може да се претвори во трета светска војна“, рече Трамп во видеото објавено на неговиот профил на Трут Сошал (Truth Social).
По повод годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, тој изјави дека војната никогаш немаше да се случи ако тој беше на чело на земјата, бидејќи додека бил претседател ги отфрлил сите „погубни совети“ на вашингтонските генерали, бирократи и дипломати кои знаат само како да ги вовлечат САД во земјата, во конфликтот, но не и како да излезат од него.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
