Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека Украина треба да обезбеди ретки минерали на САД во замена за помошта на Вашингтон во војната против Русија, пренесува Анадолија.
Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека Вашингтон и Киев се во преговори.
„Во моментов работиме на некои договори, имаме одредени гаранции и некои други работи за да продолжиме со целата ситуација“, рече Трамп.
Американскиот претседател посочи дека САД и обезбедуваат на Украина поголема економска и воена помош од Европа и рече дека Киев е отворен за неговиот предлог.
„Им кажуваме на Украина дека имаат многу вредно земјиште. Сакаме гаранции. Им даваме пари со загуба. Сакаме да обезбедиме ретки минерали. Им даваме стотици милијарди долари. Тие имаат ретки минерали и сакам да ги осигурам, а тие се подготвени да го направат тоа“, рече Трамп.
Украина лежи на огромни резерви на ретки минерали. Според извештајот на Светскиот економски форум, Украина располага со пет отсто од светските резерви на минерални суровини.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета