-->
-->
Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-->

Соединетите Американски Држави се подготвени за воена акција против Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-би-си.
Тој нагласи дека не сака да го продолжи рокот на примирјето со Техеран, кој истекува утре во 20:00 часот по источноамериканско време (односно на 23 април во 03:00 часот по средноевропско време).
Американскиот претседател додаде дека Вашингтон се наоѓа во силна преговарачка позиција, што би можело да резултира со значаен договор.
-Не сакаме да го правиме тоа (да го продолжиме примирјето). Немаме толку многу време – изјави Трамп, одговарајќи на прашањето за можноста за продолжување на договорот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
