Трамп: САД се многу близу до постигнување нуклеарен договор со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во емисијата „Ер Форс Уан“, враќајќи се од погребот на папата Франциск во Рим, изјави дека Америка е многу блиску до постигнување нуклеарен договор со Иран.
-Во многу добра позиција сме, наскоро ќе се постигне договор. Се случува. Ќе имаме нешто без да мора да фрламе бомби. Сакам да го завршам иранското прашање, рече американскиот претседател.
Неговите изјави дојдоа по завршувањето на третиот состанок меѓу американските и иранските претставници. Разговорите траеја повеќе од четири часа, а Иран изрази задоволство од дискусиите. Американските претставници изјавија дека е постигнат „напредок“ кон договорот.
Сепак, „Волстрит џурнал“ објави за тековните спорови околу тоа дали на Техеран ќе му биде дозволено да продолжи со збогатување на ураниум и за барањето на Вашингтон ракетната програма на Иран да биде вклучена во договорот, услов што Иран го отфрли.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера повика на демонтирање на целата нуклеарна инфраструктура на Иран, бидејќи разговорите меѓу САД и Иран се чинеше дека се движат во позитивна насока по третата рунда индиректни преговори во Оман за време на викендот.
-Демонтирање на целата инфраструктура на иранската нуклеарна програма. Тоа е договор со кој можеме да живееме, рече Нетанјаху, предвидувајќи дека ако двете страни се согласат на договор кој е премногу благ, Иран едноставно ќе троши и ќе чека до крајот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп пред да продолжи таму каде што тој застана.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка