-->
-->
Трамп: САД рекордно брзо ја произведоа вакцината
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати синоќа преку видео порака, во која ја потенцираше работата на својата администрација, особено во развојот на вакцината против Ковид-19.
– САД произведоа вакцина против коронавирусот во рекорден рок. Точно предвидов дека тоа ќе се случи до крајот на тековната година, истакна Трамп.
Тој изјави дека вакцината е „вистинско чудо на медицината без преседан“, која ќе биде достапна за секој Американец на почетокот од 2021 година. Исто така, додаде и дека САД ја испорачуваат вакцината насекаде низ светот и сите ќе имаат корист.
Трамп укажа и на економската помош за најпогодените од пандемијата на Ковид-19, вредна повеќе илјади милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
