Трамп рече дека САД „можеби ќе свратат во Куба“ откако ќе „се справат со Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „САД можеби ќе свратат во Куба“ откако ќе „се справат со Иран“.
Тој им изјавил на новинарите дека многу американски граѓани со кубанско потекло биле „третирани многу лошо“ и дека многумина од нивните семејства биле убиени или претепани, пренесе БТА.
-Куба е неуспешна држава – рече Трамп, додавајќи дека на карипскиот остров „ужасно владеел многу години“ комунистичкиот револуционер Фидел Кастро.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел вчера го предупреди Вашингтон да не го ескалира конфликтот меѓу двете земји во воена конфронтација.
-Ако тоа се случи, ќе има борби – рече Дијаз-Канел, додавајќи дека земјата не сака војна.
Трамп во неколку наврати се закани дека ќе преземе построги мерки против Куба и отворено зборуваше за можноста за „преземање“ на островот.
Во март, Куба потврди дека води разговори со САД со цел да ги намали тензиите во односите.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
