Трамп размислува да префрли 2.000 војници од Германија во Полска
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека размислува да префрли 2.000 американски војници од Германија во Полска, мерка за која Варшава настојува како средство за спречување евентуална руска агресија.
– Зборувавме за тоа – истакна Трамп пред новинарите во Овалниот кабинет откако се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Според Трамп, САД располагаат со над 50.000 војници во Германија и две илјади од нив би можеле да бидат испратени во Полска. Тој додаде дека полската држава ќе потроши многу пари за изградба на касарни за овие војници, изразувајќи надеж дека Русија „ќе се однесува со почит кон Полска“.
– За жал тие многу често страдаат – истакна Трамп мислејќи на Полјаците.
Американскиот претседател изјави дека планира да ја посети Полска, но датумот се уште не е определен.
Ново на Сител
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината