Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин.
-Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран, додаде Трамп.
На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со Трамп, американскиот претседател рече: „Не“. „Би сакал да се сретнам со нив и ќе направам сè што можам за да го спречам убивањето“, рече тој.
Путин вчера ги наведе Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како „едно од соодветните“ места за средба со Трамп.
-Имаме многу пријатели кои се подготвени да ни помогнат да организираме вакви настани. Еден од нашите пријатели е претседателот на Обединетите Арапски Емирати, им рече Путин на новинарите во Кремљ.
„Мислам дека ќе одлучиме, но ова би била една од соодветните, сосема соодветни локации“, рече Путин, изразувајќи го интересот на Москва и Вашингтон за состанокот.
Што се однесува до трилатералниот состанок на кој би можел да присуствува Зеленски, Путин рече дека нема ништо против тоа, но ја потврди потребата од создавање потребни услови за разговори.
МИА
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?