Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан престој во САД за такса од пет милиони долари.
Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека таканаречената „златна карта“ ќе привлече богати луѓе кои би можеле да придонесат во економијата.
– Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе, изјави Трамп.
На прашањето дали може да се пријават и руски олигарси, Трамп одговори: „Можно е“, додавајќи дека може да замисли и олигарси да бидат меѓу заинтересираните.
„Мислам дека можат да си дозволат пет милиони долари“, додаде тој.
Трамп рече дека програмата ќе почне за околу две недели и е наменета да ја замени постоечката инвеститорска виза EБ-5, а истовремено да понуди и пат до државјанство.
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка