Трамп повторно со сомневања за пребројувањето на гласачките ливчиња по пошта
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе преземе законски мерки во врска со пребројувањето на гласачките ливчиња за претстојните претседателски избори, што ќе пристигнат по пошта или електронска пошта во сојузната држава Пенсилванија.
Според американски медиуми, Трамп тоа им го изјавил на новинарите во Шарлот, Северна Каролина, каде беше вчера, како дел од турнејата низ државите што може да бидат клучни за резултатите од изборите, вклучувајќи ги Мичиген, Висконсин и Ајова.
Американскиот претседател во неколку наврати го нападна Врховниот суд во последните неколку дена затоа што не забрани броење на гласачките ливчиња што пристигнуваат неколку дена по денот на изборите на 3 ноември.
Тој претходно изјави во Дибикју, Ајова, дека очекува „црвен (републикански) бран“ на гласови на изборите на 3 ноември, со цел да се компензира, како што се проценува, предноста што ја доби неговиот демократски противник при гласањето пред денот на изборите.
На крајот од кампањата, Трамп се обидува да одржи 10 митинзи за два дена со цел во т.н. свинг држави (во кои е неизвесно кога ќе гласаат) да ги охрабри своите приврзаници да излезат на гласање во што поголем број.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани