Трамп повторно и се заканува на Германија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги зголемува тензиите со својот главен европски партнер откако вчера во Брисел се заканил дека ќе го блокира извозот на германски автомобили во САД, пишуваат германските медиуми.
Весникот „Шпигел“ цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека вчера на средбата со европските лидери Трамп остро ја нападнал Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
- Германците се лоши, многу лоши. Видете ги милионите автомобили кои што ги продаваат во САД. Тоа е ужасно, според германските магазин изјавил Трамп во врска со трговскиот суфицит на Германија.
Трамп изјавата ја дал откако претседателот на Европската Унија Жан Клод Јункер и шефот на Европскиот совет Доналд Туск искажале силна поддршка за Германија во однос на ова прашање.
По преземањето на функцијата претседател на САД Трамп најави дека ќе воведе 35 отсто царина за сите автомобили што Германија ќе ги извезува во Америка, дури и за тие произведени во Мексико, држава со која Вашингтон има договор за слободна трговија.
Германија е третиот најголем извозник на стоки во светот со вкупен трговски суфицит од 282 милијарди евра за 2016 година.
Ново на Сител
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
-

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
