Трамп повторно го повика Иран на дијалог
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските лидери на дијалог, заканувајќи се дека во спротивно тие ќе се соочат со непријателски активности, јавија агенциите.
-Ние треба да разговараме со нив. Мислам дека многу брзо можеме да постигнеме договор со Иран. Се што треба да се направи е еден телефонски разговор. Едноставно мислам дека тие се горди луѓе и нивното раководство е гордо. Горди, како сите ние, рече Трамп ноќеска пред новинарите на прашање за условите за укинување на санкциите кон Иран.
Според американскиот претседател, Вашингтон не сака непријателства во односите со Иран.
-Но, доколку тие се непријателски расположени кон нас, тогаш ќе зажалат, додаде Трамп.
„ Се што треба да направат е да повикаат. Или да замолат некого да се јави. Има различни канали преку кои може да се работи многу лесно“, кажа Трамп.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР