Трамп помилува две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

Претседателот на САД Доналд Трамп ги искористи своите овластувања да помилува осудени на смрт, и од рерната спаси две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста.
Трамп ја продолжи претседателската традиција, основана од Џорџ Буш во 1989 година, кога беше поштеден животот на 20 килограми тешка безимена мисирка.
На вечерашната церемонија во цветната градина на Белата куќа Трамп ја помилува мисирката Дримстик и 15-килограмската Вишбоун, кои ќе живеат до природниот крај на својот живот на една фарма во Вирџинија. Првата дама Мелани Трамп и синот Барон присуствуваа на забавата.
Во Белата куќа ја испочитуваа и традицијата да направат анкета на Твитер за тоа која мисирка треба да добие претседателската амнестија, и со повеќе од 40.000 гласа победник стана Дримстик со 60 наспроти 40 проценти, но како и обично и двете птици го искористија претседателскиот акт на милосрдие.
Трамп продолжи и уште една традиција за церемонијата - шегите.
- Како што многумина од вас знаат, јас сум многу активен во укинувањето на некои од извршните одлуки на моите претходници, но советник во Белата куќа ме информираше дека амнестијата на Тејтер и Тот под никакви околности не може да се откаже. Тејтер и Тот, можете да бидете спокојни, шеговито порача Трамп.
Тејтер и Тот беа последните мисирки помилувани од претседателот Барак Обама минатата година.
Трамп, исто така, истакна дека во првите неколку месеци од неговиот мандат во Белата куќа пречекал многу гости, вклучувајќи и некои „многу чудни птици", но не и толку уникатни како Дримстик и Вишбоун.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
